Штетата врз системот „Патриот“ по ракетирањето на Киев е минимална, може и понатаму да се употребува, тврди Пентагон

Штетата врз американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, по рускиот ракетен напад на Киев во вторникот, е минимална и истиот може и натаму да се употребува, а нема потреба ниту да биде изнесен од бојното поле за да се извршат поправки, објави CNN повикувајќи се на изјави на службеници од Пентагон.

Од Министерство за одбрана на САД велат дека испратиле специјалисти да извршат увид уште веднаш откако украинските сили ги известиле дека „системот изгледа е оштетен“.

При увидот, било утврдено дека „системот е сѐ уште во работна кондиција и радарот на Патриотот, еден од најважните елементи на системот, не е оштетен“.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО
- Реклама -