И вие сте од тие со теоријата на заговор дека порано апаратите и машините ги правеле за да траат, а денес намерно за што побрзо да се расипат? И ние сме. И се чини, сите се – не само тие што пораснаа во Југославија, туку и во САД и во западна Европа.
Еве ги за пример брачниот пар Сидни и Рејчел Сандерс од Ексетер, Велика Британија. И двајцата имаат по 80 и кусур години, а уредите им се купени пред повеќе од половина век. Сушалната за алишта, бојлерот, шпоретот и машината за перење – сите им се купени во 1956 година, за вкупна сума од помалку од денешни 170 евра. И уште им работат.
„Нештата ги правеа подобро порано, беа поиздржливи и посилни“, вели господин Сандерс. „Ни ја дадоа машината за перење кога се венчавме, пред 62 години. Последен пат ја користевме пред 12 години, но колку што знам, сé уште е потполно функционална, само што малку протекува“, додава неговата сопруга Рејчел. „Денес едноставно не прават такви апарати за домаќинство“, се сложуваат двајцата.
Сандерс сега конечно се решени да се ослободат од нивниве антиквитети, но не се потресуваат околу цената. Преферираат да ги дадат во некој музеј или нешто слично да бидат зачувани, за кога мрчиме дека „порано сé се правело поквалитетно“, да имаме покритие.