Шпигел: Шведска одби заедничка истрага со Данска и Германија за Северен тек

Берлин, 14 октомври 2022 (МИА) – Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите Северен тек 1 и 2, пишува неделникот „Шпигел“, повикувајќи се на германски безбедносни извори.

Шпигел, исто така, пишува дека Шведска одлучила дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека германската федерална полиција „го завршила својот дел од истрагата за наводниот чин на саботажа на гасоводите „Северен тек“ и ги доставила своите наоди.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -