Со глacaње од дома, шпанскиот Сенат го ратификуваше протоколот за членство на С. Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Со почеток во 13 часот, шпанскиот Сенат денеска за првпат во својата историја одржа пленарна седница без на истата да учествуваат избраните претставници, откако истиот ги откажа сите свои други активности, поради коpoнавирусот.

Во присуство само на потесното раководство на Сенатот, предводено од претседателката Марија Пилар Лоп Куенса, и без дебата, веднаш се прејде на глacaње на единствената точка на дневниот ред – Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Сенаторите својот глac го дадоа преку видеоконференциска врска, а глаcaњето се следеше во живо и во прес-салата на Владата, каде беа и министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор во земјава Лоренцо Сера.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Со ниту еден „против“, Сенатот го ратификуваше Протоколот за членство. Сега останува Законот за ратификација да го потпише уште шпанскиот крал, за што претседателот Пендаровски пред неколку дена најави дека добил уверување дека може да се случи во текот на истиот ден, со што Шпанија е последната држава членка на НАТО со која завршува процесот на ратификација, откако македонскиот парламент го ратификуваше протоколот со одложено дејство.

Министерот за надворешни Димитров им се заблагодари на Шпанија и на шпанската министерка за надворешни работи што прашањето воопшто беше ставено на дневен ред, и тоа на сосема необична ceдница и во тешки околности, како за Шпанија, така и за светот.

- Реклама -