Шпански грип: Како еден настан во САД придонел за масовно ширење на најсмртоносната зараза во историјата

За време на Првата светска војна борбата не се водела само на фронтовите, туку и во нивната позадина. Станува збор за тивка борба која однела повеќе жртви од војната, а всушност е пандемија каквашто историјата не памети. Една држава патриотизмот ја чинел скапо, но послужила како поука дека социјалната дистанца и откажување на масовните настани се главна мерка во одбрана од ширење на вирусите, пишува српски „Блиц“.

Шпанскиот грип или шпанската грозница го погодила светот во 1918 година и тоа во три пандемиски бранови. Од него заболело една третина од вкупното светско население, односно 500 милиони луѓе, а умреле околу 50 милиони, што ја прави најсмртоносната пандемија во историјата. Првата е предизвикана од грипот A H1N1, иако во почетокот долго се сметало дека епидемијата ја предизвикува одредена бактерија.

Наречен е „шпански грип“ благодарение на медиумите, поради тоа што новинарите ѝ јавиле на својата агенција дека се шири вирус со епидемиски карактер во Мадрид, а таа агенција пренела дека станува збор за „шпански грип“.

Заболените од оваа врста на грип ужасно страдале, симптомите на почетокот биле малаксаност, покачена температура, главоболка и слично. Кај овој грип брзо натапувале тешки симптоми – компликации со белите дробови често проследени со сериозна бронхопневмонија. На кожата на пациентите можеле да се забележат црни дамки, а набрзо посинувале поради недосаток на кислород, со оглед на тоа дека белите дробови им се полнеле со пенава, крвава течност. Многу развивале и сепса. Смртта настапувала само неколку дена или за само неколку часа кај некои забележани случаи, а специфичност во однос на последиците од другите вируси е што посериозни компликации имале и младите и здрави луѓе.

Добра вест е што не постои опасност да се повтори пандемија на шпанскиот грип од овие размери, бидејќи светското население има развиено имунитет на тој сој на вирусот.

Настан кој не е откажат во време на пандемијата предизвикал катастрофа

Во септември 1918 во Филаделфија е одржана парада за да се промовираат издавање на државни обврзници за финансирање на учеството на американската војска во Големата војна. Парадата требало да се откаже со оглед на тоа дека веќе биле забележани некои случаи на заболени на американскиот континент, но тоа не се случило.

Филаделфија се обидела да ја искаже својата поддршка со собирање на 200.000 луѓе на улиците на 28 септември, меѓутоа завршила на врвот на статистиките за ширење на вирусот. До 1 октомври се пријавени 635 нови случаи на заразата. Била еден од најтешко погодените градови, повеќе од 12.000 починале за шест недели, а за шест месеци вкупната бројка изнесувала 16.000 мртви и половина милион заразени.

Секако, парадата не била единствената причина за ширење на вирусот, туку и големата популација и лошите услови за работа и живот, меѓутоа толку големото и брзо ширење на вирусот можело да се спречи доколку претходно споменатата парада не се одржела, завршуваат од „Блиц“.

- Реклама -