Шпанската црква 1.000 години го криела светиот грал?

Во северозападниот дел на Шпанија,  изложен во црквата Сан Исидро во Леон, наводно, стои „светиот грал“ , чашата од која што пиел Исус за време на  Тајна вечерата, тврдат двајца шпански историчари.

„Црквата го чува пехарот од средината на 11 век, кој од четврти или петти век во христијанските заедници на Ерусалим се смета за пехарот на Тајната вечера, а кој подоцна ќе стане мит, вели Маргарита Торес, професорка по средновековна историја на Универзитетот во Леон.

Меѓутоа, како што тврдат тие,  по откритието во 2011 година, биле откриени два  египетски натписи напишани на пергаменти во библиотеката на Универзитетот во Каиро. Професорката  и  нејзиниот колега, историчар по уметност, Хосе Мигел Ортега дел Рио, во изминатите три години, дошле до сознание дека пехарот на шпанската принцеза всушност е пехарот на Исус.

Поточно, само горниот дел од пехарот.

Кралот Фердинанд, ја дал чашата на емир од едно муслиманско кралство. Оттогаш пехарот останува мистерија.

- Реклама -