Шпанија разгледува можност да им дозволи на регионите да организираат референдуми на кои ќе се изјаснуваат за независноста на истите.
Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Датис за BBC изјавил дека можно е Шпанија да направи измени во Уставот со кои ќе им се дозволи на регионите на референдуми да се изјаснуваат дали се „за“ или „против“ осамостојување. Сепак, за да се направат овие измени, најпрво ќе биде потребно, секако, референдум.
– Формиравме комитет во парламентот што ќе ја разгледа можноста да се направат уставни измени, што на подобар начин би ги изразиле аспирациите на каталонскиот народ. Свесни сме дека постои политичка ситуација која треба добро да се проанализира, но за оваа одлука треба да реши целиот шпански народ – изјави Дастис.
Уште не се знае дали Владата од Шпанија планира да отстапи од своите позиции дури и во врска со Каталонија, каде што и денес се одржуваат протести против апсењето на поранешните каталонски функционери.