Шпанците се најздрави, Британците на дното

Жителите на Шпанија се најдоа на врвот на листата на најздрави народи во светот, покажуваат резултатите на истражувањето што опфатило 16 земји од Западна Европа, Австралија, Канада и САД. Велика Британија се наоѓа на дното.

Овие резултати се објавени во магазинот „Lancet“, а во истражувањето биле анализирани стапката на смртност и болести во периодот од 1990 до 2010 година во споменатите земји. Она што најмногу зачудува е тоа што Велика Британија се наоѓа на самото дно на листата.

health-promotion-industry

„Сите мислиме дека Велика Британија има одличен здравствен систем и дека е една од најсофистицираните медицински истражувачки заедници во светот“, рекол водачот на истражувачкиот тим, Кристофер Мареј.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Британците најмногу ги демнат висок крвен притисок, дебелината, алкохолот и дрогата. Болестите на срцето, мозочните удари и ракот се најчеста причина за смртни случаи во Западна Европа.

 

 

- Реклама -