Шекил О’Нил најпосле влезе во ринг, но не оној ринг за кој стана збор пред некое време. Тој само учествуваше во шоуто наречено WWE (кај нас познато како „Кечери“) и нормално доминираше, како што тоа и обично го прави. Само што се појави на сцена, скина постер од Коби Брајант, им кажа на навивачите на Вашингтон дека ги поздравил Леброн Џејмс, а потоа и „се степа“…
Шекил О’Нил најпосле влезе во ринг, но не оној ринг за кој стана збор
пред некое време. Тој само учествуваше во шоуто наречено WWE (кај нас
познато како „Кечери“) и нормално доминираше, како што тоа и обично го
прави. Само што се појави на сцена, скина постер од Коби Брајант, им
кажа на навивачите на Вашингтон дека ги поздравил Леброн Џејмс, а потоа
и „се степа“…
Откако го грабна микрофонот, Шек ја испровоцира публиката, одново го потенцираше непријателството со Коби Брајант и потоа се упати кон рингот. Таму, требаше да биде водител/најавувач/модератор. Но, еден од „борачите“, започна да го провоцира: „Кога го најавија најдоминантниот играч во историјата на NBA, мислев дека ќе го видам Коби Брајант“, а веднаш потоа и: „Имаш поголеми шанси да погодиш 2 слободни фрлања по ред, отколку да ме исплашиш мене“. И тука веќе нештата „излегоа од контрола“. Погледнете: