Шопохоличари – болест на современиот начин на живот

Сите ние сакаме да одиме на шопинг, но во ништо не треба да се претерува, особено ако се знае дека компулсивното купување претставува знак на сериозен психички проблем.
Компулсивното купување може да биде знак на сериозен проблем, предупредува германското друштво за психоматска медицина и медицинска психотерапија. Повременото одење на неконтролиран шопинг им се случува на многумина, но ако тие епизоди станат пречести и ви носат само краткотрајно чувство на задоволство и одобрување дека сте ја исполниле целта, тие можат да бидат предупредување за психичко пореметување.

Луѓето кои се склони кон чести напади на купување се обидуваат потоа да сокријат и да го заборават она што го купиле,  најмногу поради чувство на срам и вина, а многу случаи на неконтролирано купување се јавуваат во комбинација со други пореметувања како депресија. Пред нападот за шопинг може да се појават знаците на поттисната депресија, стрес, или здодевност, тврдат германските психотерапевти.

keri bredso, seks i grad, soping, dolce gabana

Тие додаваат дека пред да побараат стручна помош, овие лица често се изложени на финансиски, правни проблеми или проблеми во социјалниот живот. Инаку, компулсивноста претставува тежнеење да се извршат и повторат одредени дејствија кои се доживуваат како внатрешна принуда, со чувство на субјектите да им се заканува анксиозност ако не потклекнат на побудите.

Во типичните компулсивни дејствија, меѓу останатите спаѓаат и ритуалното миење на рацете, изведувањето на непотребни рутини пред излегување од дома, пребројување на плочките на патот… Во психоанализата компулсивноста се објаснува како враќање на поттиснатите во опсесивни психози, во кои она што е поттиснато се приближува кон свесниот дел на личноста.

kupovina-Foto-ElvisFan76-670x893

- Реклама -