Шопингот ја намалува потенцијата кај мажите

Man_with_shopping_bagsМажите сега имаат совршен изговор за да избегнуваат шопинг – истражувачите тврдат дека одењето по продавници би можело да ги направи мажите импотентни.


Man_with_shopping_bagsМажите сега имаат совршен изговор за да избегнуваат шопинг – истражувачите тврдат дека одењето по продавници би можело да ги направи мажите импотентни.

Аверзијата која мажите ја чувствуваат кон шопингот би можела да се покаже како потсвесно средство за заштита на нивната машкост. Имено, новата студија на американската Агенција за храна покажа дека некои сметки кои се издаваат во продавниците ја содржат штетната материја Bisphenol A (BPA) која може лошо да влијае врз машките хормони. Уролозите предупредуваат дека таа материја може да влијае врз зголемување на естрогенот, што пак може да предизвика недостаток на сексуален нагон и намалување на потенцијата.

Бисфенолот А, кој е забранет во неколку американски држави, може да биде опасен ако мажите ја допираат сметката до устата или преку храната. Изгледа дека шопингот навистина не е создаден за машкиот пол или барем сега мажите имаат добар изговор за останување дома пред телевизор. [Now men have the perfect excuse to avoid shopping… it could make them impotent]

- Реклама -