Шон Пен и Шарлиз Терон не престануваат да покажуваат јавно колку се сакаат, а папараците од своја страна, не престануваат да ги фотографираат.
Сепак, ретко во Холивуд може да се види двојка на ѕвезди кои се толку вљубени.
Овој пат двајцата актери беа „уловени“ на плажа во Малибу, каде му се радуваа на еден сончев ден, исполнет со прегратки и бакнежи.
„За мене е изненадување тоа што сум заљубен. На овие години ми изгледаше малку доцна за љубов. Но, кога токму во таков момент сретнуваш соодветен човек, чувството е многу подлабоко, страсно, вистинско и, Господи, таква среќа. Многу романтично е да имаш врска која те тера да се чувствуваш како добар човек “, изјави Шон Пен во интервју за Esquire.