Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека оштетувањето на браната Каховка во регионот Херсон во Украина е „нова димензија“ на војната во Украина.
Штетата на браната е нешто „што одговара на начинот на кој Путин ја води оваа војна“, рече Шолц, додавајќи дека тоа е развој што се следи со внимание и загриженост.
Германскиот канцелар ја коментираше најновата ситуација во Украина во својот говор на Европскиот форум што го организира јавниот сервис WDR во Берлин.
МИА