Шолц: Путин гарантира дека Европа може да продолжи рускиот гас да го плаќа во евра

Берлин, 30 март 2022 (МИА) – Германската Влада денеска соопшти дека Русија гарантира дека Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи.

Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра.

Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин рекол дека парите може да се уплатат во Газпром банката, а потоа ќе се префрлат во рубљи во Русија. Газпром банката во моментов не е под санкции.

„Шолц не се согласи веднаш со овој предлог за време на разговорите, туку побара тој да биде претставен во писмена форма за да може подобро да ја сфати процедурата“, се вели во соопштението, јави Дојче Веле.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна
- Реклама -