Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повикува Иран и Хезболах веднаш да ги прекинат нападите врз Израел и предупреди дека Иран ризикува да го запали целиот регион.
Германија и нејзините партнери ќе продолжат да работат на прекин на огнот, додава тој.
-Иран ризикува да го запали целиот регион – тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора веднаш да престанат со нападите врз Израел, рече тој.