Шолц е подготвен пред Божиќ да побара гласање за доберба на владата

Минатата недела Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од Либерално-демократската партија, а потоа предложи гласање за доверба на владата во јануари. Тоа би значело дека изборите би можеле да се одржат до крајот на март следната година

Германскиот канцелар Олаф Шолц и пред Божиќ e подготвен да побара од парламентот писмено гласање за доверба на владата што ја предводи, пренесува Ројтерс. Тоа ќе го отвори патот за предвремени избори по распадот на неговата владејачка коалиција.

„За мене нема никаков проблем да свикам гласање за доверба пред Божиќ, ако сите се согласат“,

рече тој.

Со ова, Шолц дава нов датум за парламентарно гласање за доверба на Владата. Претходно, тој датум беше 15 јануари.

Минатата недела Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од Либерално-демократската партија, а потоа предложи гласање за доверба на владата во јануари. Тоа би значело дека изборите би можеле да се одржат до крајот на март следната година.

Според анкетите на јавниот сервис, 84 отсто од Германците сакаат изборите за Бундестагот да се одржат што е можно поскоро.

- Реклама -