Десет мега-популарни корпорации контролираат скоро се што купувате – од производи за домаќинство, храна за миленичиња, па дури и фармерки. Според оваа табела споделена преку Reddit, која се нарекува “The Illusion of Choice” (Илузија на избор), овие корпорации создаваат ланец кој почнува во една од овие 10 супер компании. Сигурна сум дека сте ги слушнале сите овие големи имиња, но е навистина неверојатно да бидете сведок на она што овие гиганти поседуваат или она на кое тие влијаат.
Овие табели покажуваат всушност еден микс, комбинација од мрежи. Главните компании можат да поседуваат акции и можат и да станат партнери со компаниите со кои соработуваат. На пример, Coca-Cola не го поседуваMonster, но сепак го дистрибуира овој енергетски пијалок. Во САД, Yum рестораните ги поседуваат добро познатите KFC и Taco Bell. Компанијата соработува со Pepsi. Сите Yum ресторани служат само Pepsi производи заради договорот кој го имаат потпишано.
$84 билионската компанија Proctor & Gamble е најголемиот огласувач во САД, бидејќи е здружена со огромен број на различни брендови кои произведуваат се – од медицински таблети до паста за заби, па дури и парчиња облека кои припаѓаат на високата мода. Преку овие партнери и здружувања, преку оваа мрежа, P&Gуслужуваат над 4.8 билиони луѓе во светот!
Нам добро познатата $200 билионска корпорација Nestle која е позната по чоколадите е најголемата компанија за храна во целиот свет! Таа е сопственик на близу 8,000 различни брендови ширум светот и е партнер или поседува акции со уште неколку брендови. Во мрежата на Nestle се вклучуваат и овие компании – L’Orealшампоните, гигантот за бебешка храна Gerber, брендот за облека Diesel, како и производителите на храна за миленичиња – Purina и Friskies.
Листата на вакви мрежи и познати компании едноставно нема крај. Но, тука не станува збор само за производите кои ние ги купуваме и конзумираме. Новостите и информациите кои ние ги добиваме се всушност споени, односно дури 90% од медиумите се контролирани од само 6 компании!
И тука не завршува оваа статија. Дури 37 банки се промениле со цел да мигрираат во една од 4-те најпознати банки – JPMorgan Chase, Bank of America, Wells Fargo и CitiGroup. Најголемите финансиски институции во целиот свет се сопственици на 54% од финансискиот имот на обичниот човек, а бројот на банките значително е опаднат од над 12, 500 банки во моментов има околу 8,000.
Да, овие бројки се зачудувачки и застрашувачки подеднакво. Овие табели ја визуелизираат реалноста која ни го мати умот.
Но, верувале или не, ова е светот во кој живееме.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk