Сега вестите за раскинувања, скандалите како и тајните на познатите ѕвезди се шират со неверојатна брзина, но некогаш тоа не било така.
Некогаш работите што се случувале за време на снимањето на филмот се држеле во строга тајност, затоа е и чудно што некои искочиле на површина и навистина ги шокирале луѓето.
Почнувајќи од фактот дека филмот „Апокалипса денес“ е снимен во воена зона, па преку физичкото, психичкото и сексуалното злоупотребување на снимањето на „Волшебникот од Оз“, па се до дроги и останати тајни од филмските сетови.
Физичко малтретирање во филмот на Хичкок „Птици“
Долго кружеле приказни дека постои физичко малтретирање во Холивуд, особено на сетовите на класичните филмови додека актерите се уште немале силни агенти и телохранители, како што имаат денес. Многу холивудски актерки зборувале за физичко, психичко и сексуално малтретирање.
Алфред Хичкок, според гласините, злоупотребувал многу актерки. Типи Хедрен, која не е многу позната актерка, освен по неколку реклами и по тоа што е мајка на Мелани Грифит и баба на Дакота Џонс, за прв пат проговорила за своето искуство со познатиот режисер. Хедрен некогаш била старлета во пораст кога добила прилика да ја глуми главната улога во филмот „Птици“ на Хичкок. На почетокот навистина многу научила од него, но работите се смениле откога го одбила бидејќи сакал да има секс со неа. Пет дена сетот морала да работи со вистински птици, кои ја гризеле и вршеле нужда врз неа. Кога тогаш непознатата актерка го признала поразот и побарала да го напушти проектот, со години Хичкок контактирал други режисери да не ѝ даваат никаква улога. Таа сега е една од највлијателните борци за правата на животните и има огромен азил во Калифорнија, кој е основан во 1970 година.
„Апокалипса денес“ речиси ќе го убиела Мартин Шин
Френсис Форд Копола го режирал овој култен филм, а приказната е за мисија за време на Виетнамската војна која сама по себе е веќе доволно тензична, а станува уште повеќе кога ќе се земат во предвид условите во кои е снимен филмот. Филмот бил планиран да биде снимен во Виетнам во 1969 година, но студиото кое го финансирало снимањето се повлекло. Проектот не оживела до 1976 година, кога Копола ги превземал рацете во свои раце и решил да го снима филмот на Филипините.
За време на снимањето, се случиле многу несреќи. Филмската екипа добила тропска болест, а хеликоптерот кој требало да се користи во борбените сцени бил повикан да се врати во воената зона бидејќи во исто време се случувала вистинска војна меѓу владата и бунтовниците. Токму тие бунтовници во еден момент се приближиле на локацијата на која се снимал филмот. Во еден момент ѕвездата на филмот, Мартин Шин имал срцев удар во џунглата, а Копола објаснил дека Мартин самиот е виновен за тоа. Не е ни чудно што по ова половина филмска екипа го напуштила проектот. Сепак, кога филмот конечно „ја видел светлината на денот“, бил вистински успех и се верува дека е еден од најдобрите филмови на сите времиња.
Малтретирање за време на снимањето на „Волшебникот од Оз“
Постојат многу гласини за психичко, физичко и сексуално злоупотребување на снимањето на овој филм. Ќе започнеме со ужасните услови на работа: снимањето траело и по шеснаесет часови а многумина од актерите носеле неудобни костими. Бади Ибзен, кој ја играл улогата на Лимениот човек, завршил во болница поради компликации со белите дробови предизвикано од маската која содржела алуминиумска прашина.
Ни лошата вештерка немала подобра среќа. нејзината зелена маска била базирана на бакар кој е отровен доколку навлезе во телото, па така актерката не можела да јаде ништо за време на снимањето. Исто така, познато е дека на сетот ѝ се додворувал директорот на MGM, а тоа отишло предалеку кога додворувањето преминало во малтретирање. Ја викале „мал грабливец“ бидејќи Џуди имало мало искривување на ‘рбетот, па била приморана да носи корсет за да биде исправена, а познато е дека луѓето од MGM студиото ѝ давале дроги за да успее да ги издржи напорните денови на снимањето. Откако ги земала дрогите, таа имала проблеми со концентрацијата и нејзините колеги често ѝ удирале шамари за да дојде на себеси.
Суровост кон животните во „Бен Хур“
Во првата половина на дваесеттиот век, Холивуд немал прописи за заштита на животните кои се користени за снимање на филмови. Па, за време на снимањето на филмот „Бен Хур“ загинале повеќе од 100 коњи. Во вестерн филмовите, коњите често страдале на сетовите дури и оние дресираните за изведување на потребните трикови. Во филмот „Апокалипса денес“ искасапен е еден бивол со мачета. И конечно по повеќедеценискиот јавен притисок за малтретирањето на животни, во 1988 година, биле донесени прописи со кои е утврдено однесувањето кон животните на сетот.
Злоупотребата на дрога во и надвор од сетот
Не не изненадува фактот што имало многу експериментирање со дрога за време на снимањето на некои од најголемите хитови во Холивуд, што повторно води до втората приказна на актерите кои не можат да се оттргнат од лошите навики. Многу актери јавно зборувале за својата зависност а некои ги објавиле своите искуства со дрогата. На пример, луѓето кои соработувале со Џек Николсон во 70-тите и 80-тие сведочеле дека секојдневно конзумирал алкохол и кокаин. И самиот Николсон признал дека „среденоста“ му помага во креативниот процес, додека неговата поранешна девојка тврдела дека кокаин земал на секоја пауза на снимањето. Денис Квејд открива дека кокаинот во 70-тите бил толку вообичаена работа, што дури земал дел од буџетот на филмот под ставот „пари за ситни трошоци“ направен за набавка за лекови.