Шокантни изјави за кралското семејство

Откако неодамна откри дека е роднина на војвотката од Кембриџ, танчерката Катрина Дарлинг се фотографираше гола за магазинот „Loaded“ и изнесе шокантни изјави за кралското семејство.

„Отсекогаш сум се чувстувала удобно кога сум гола и нема да престанам да танцувам поради мојата поврзаност со кралското семејство. Убедена сум дека принцот Чарлс направил многу добри работи за народот. Од друга страна, негова привилегија е тоа што може сам да си ги бира жените. Некои мажи се лоши во тоа“, рекла во интервјуто.

katrina-darling-burlesque-performance-20120314-004235-773

Ниту принцот Хари не поминал подобро. За него рекла:

„Портокаловиот Хари не ми е ниту малку привлечен, не би му дала ни да ме допре“.

Таа ја почитува само Кејт, пред сѐ поради нејзините топлес фотографии што неодамна се појавија во јавноста.

kate2

„Не треба да се критикува затоа што на одмор се чувствувала добро во своја кожа“, рекла Дарлинг.

- Реклама -