Шојгу: Заврши делумната мобилизација во Русија, претставници на извршната власт и илјадници претприемачи испратени во трупите

Москва, 28 октомври 2022 (МИА) – Рускиот министер за одбрана – Сергеј Шојгу, денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути.

„За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади граѓани, без да чекаат повици, изразија желба да ја исполнат својата должност и беа испратени во трупите како волонтери“, рече Шојгу.

Според рускиот министер, по обуката, 82.000 регрути веќе се испратени во активните сили, а нивната просечна возраст е 35 години.

На 21 септември Путин најави делумна мобилизација заради продолжување на, како што ја нарекува инвазијата, „специјалната воена операција“ во Украина.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -