Пред камери и на светски форуми елитите сакаат да глумат дека се загрижени за климата и климатските промени. Сепак, изгледа практичноста и удобноста на приватните авиони далеку ја надминуваат загриженоста околу штетните емисии што им тежи врз мислите на бројните извршни директори и светски лидери. Затоа, како и во сите претходни прилики, и овојпат во Давос тие побрзаа да ги искористат токму приватните авиони, и тоа во рекорден број.
Како што пренесуваат светските медиуми, околу 1.500 летови со приватни авиони се планирани за Светскиот економски форум во швајцарските Алпи, иако токму авиосообраќајот редовно е истакнат како еден од главните придонесувачи во натрупување на штетни емисии во атмосферата.
Повеќето учесници во Давос стигнуваат со автомобил или воз, но откако со авион ќе пристигнат на аеродромите во земјата, како на пример во Цирих. Сепак, на голем дел од директорите и владините лидери малку им е и тоа, па изнајмуваат приватни хеликоптери за да заштедат на време.
Медиумите наведуваат и дека побарувачката за приватни летови никаде и никогаш не е висока како во неделата на форумот, т.е. дека толку летови нема ни кога се игра Лига на шампиони, на пример.