Шминка за девојки со мали очи

Aко имате  помали очи кои би сакале оптички да ги зголемите, ви ги нудиме следниве трикови. Целта во овој случај е да се создаде илузија дека очите се поголеми, со примена на сенки и моливче за очи. Нанесете светли сенки  врз основата поставена на очниот капак и „одете“ кон веѓите. Ако имате тенки веѓи, тогаш нивно чување во перфектна форма е задолжително, бидејќи во спротивно, очите ќе ви изгледаат уште помали.

Сенките, нанесени врз надворешниот капак, треба да бидат потемни. Оставете празно место под веѓите и веднаш над трепките, за да дадете осветлувачки ефект. Нанесете очна линија почнувајќи од внатрешниот раб на очниот капак издебелете ја во правец кон надворешниот раб на очните капаци . Нанесете очна линија под окото на ист начин – здебелувајќи ја  во правец кон надворешниот раб. Завршете ја очната линија со блага крива нагоре, за да ги направите очите не само поголеми, туку и по долги. Овој трик е навистина испробан и дефинитивно ќе ги направи вашите очи поголеми.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Можете да нанесете бел молив за очи, за да ја намалите областа околу коренот на трепките. Истакнете трепките.

)

- Реклама -