Шкријељ: Фотографијата која докажува дека Рашела не ја кажува вистината

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ на својот Фејсбук профил објави фотографија од Мила Царовска во министерството за труд и социјална политика каде се гледа дека има табла со новото уставно име, наспроти тврдењето на техничката министерка Мизрахи дека во Министерството има само една табла, со старото уставно име.

„За тоа колку може и треба да се верува на техничката министерка. Ова е фотографија која докажува дека Рашела не ја кажува вистината. Во министерството се обезбедени сите услови за оддржување прес конференции во согласност со Уставот.“, напиша Шкријељ.

- Реклама -