Шкотски јајца од мелено месо

Брзо, вкусно и едноставно.

Состојки:

400 г. мелено месо

4 јајца

сол и бибер по вкус

2 кришки леб

4 лажици млеко

1 дл. масло

1 главица кромид

Подготовка:

Сварете ги јајцата и излупете ги.

Кромидот ситно исецкајте го, а лебот натопете го во млекото.

Измешајте ги меленото месо, лебот и кромидот, а потоа посолете и побиберете.

Замешаната смеса поделете ја на четири дела. Секој посебно растегнете го, ставете по едно јајце и обликувајте ќофте.

Пржете во загреано масло.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?
- Реклама -