Шкендија и Вардар одиграа без голови, Тетекс подобар од Силекс

Вардар одигра нерешено на гостувањето кај Шкендија, Тетекс со 1-0 го победи Силекс во Кратово и со една нога е во финалето на Купот на Македонија.

Вардар предводен од старо-новиот тренер, Благоја Милевски, одигра реми без погодоци против Шкендија во Тетово.

Резултат поволен за скопскиот тим, но работата треба да се заврши во реваншот на Филип Втори.

Тетекс со 1-0 славеше на гостувањето кај Кратови па Тетовчани речиси ја завршија работата околу пласманот во финалето.

Мечот беше решен кон финишот од натпреварот, во 83. минута Иван Настевски постигна погодок.

Реванш натпреварите се играат на 2. мај.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -