Shimano ги замени каблите со електронско менување

bike_parts_4_630px.jpg Менувањето на брзините и механизмите кои се однесуваат на тоа кај
врвните велосипеди и производители на делови се меѓу поимпресивните
инженерски дела. Од следната година овие делови ќе станат уште подобри:
нивните менувачи ќе бидат комплетно електронски водени, во стилот на Ф1
болид.


bike_parts_2_250px.jpgМенувањето на брзините и механизмите кои се однесуваат на тоа кај врвните велосипеди и производители на делови се меѓу поимпресивните инженерски дела. Од следната година овие делови ќе станат уште подобри: нивните менувачи ќе бидат комплетно електронски водени, во стилот на Ф1 болид.

Со два серво мотори на предниот и задниот менувач, и можност тие да комуницираат бежично меѓу себе, ова би значело одлична синхронизација(нема веќе извадени ланци), како и повеќе внимание и концентрација на патот. Шимано тврди дека менталното исцрпување кое го налага константното проверување на ланецот и брзините при возење, од следната година ќе бидат минато. Предниот менувач ќе се подесува автоматски, така што ланецот нема да смета додека менувате брзини.Според Shimano, со една батерија ќе може да се поминат 1000км(и повеќе), а за полнењето на истата ќе бидат потребни само 90 минути. Di2 системот (кој е патем и водоотпорен) е веќе во употреба и се користеше кај неколку велосипедисти на Tour de France 2008.

Di2 на пазарот ќе излезе во Јануари 2009, а цената е се уште непозната, но не би требало да биде многу поголема од цената за Dura-Ace ($2600). Деловите ќе може да се купат и како дополнување. [Shimano Shuns Cables for Full Electronic Shifting]

- Реклама -