„Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сѐ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот.
Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните“, објави на Фесјбук градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов.
Еден од тие децениски проблеми е Универзалната сала и веќе се решава, посочи Шилегов, претставувајќи ја новата внатрешност на објектот.
„Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала! Скопје, една поинаква приказна! #Скопје #ЧекорПоЧекор“, порача првиот човек на Град Скопје.