Шоубаво било да се живее во Стокхолм

Асфалтираните улици на Стокхолм може се студени и снежни во зима, но најбрзо-растечкиот град е меѓу најактуелните центри во светот за почеток на бизнис и е магнет за меѓународни таленти.

618x412[3]

Со помалку од еден милион жители (по процената од 2004-та година, градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители), главниот град на Шведска е родното место на Skype, Spotify и Mojang. Само Силиконската долина може да се пофали со повеќе компании со капитализација над милион долари по глава на жител, тврди инвестициската фирма Atomico.

А кога ќе дојде рана пролет и снегот ќе се растопи, градот е меѓу најзелените во светот. Лежи на 14 острови, па две третини од Стокхолм претставуваат или вода, или паркови.

Уживањето е приоритет на локалните жители

Помалку од 1% од Швеѓаните работат повеќе од 50 часа неделно, што го сместува градот на едно од најниските нивоа во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).

Квалитетот на животот е од клучно значење. Вработените кои неодамна станале родители добиваат 480 дена одмор, за да се грижат за своите бебиња, со можност одморот да биде распределен помеѓу двата родитела. Дополнително, грижата за малите деца е силно субвенционирана.

Шведска е прогласена за најдобро место за семеен живот во светот во истражувањето на Expat Explorer 2015 на HSBC

„Апсолутно совршено место“, вели 34-годишниот Адам Веб, британски претприемач и татко на едно дете. „Сé овде работи во насока на помош на родителите – од обезбедување на отсуство од работа на татковците за нега на децата при речиси целосна исплата, до бесплатен превоз во градскиот превоз за секој со детска количка“.

Стокхолм е рај и за хипстерите – списанието Vogue неодамна прогласи една од градските области за најатрактивна во Европа. На островот Содермалм, јужно од центарот на градот, има независни музички продавници и магазини што сè уште заработуваат пари, а просперитетна „винтиџ“ сцена и изобилството од удобни кафулиња зрачат со чувство на скандинавска љубов и и свежо приготвено кафе.

Глобалните брендови како Ikea и H&M, кај кои патем нордискиот стил и мода се најистакнати, се меѓу главните работодавци за емигрантите од другите западни земји. Многу од нив наоѓаат работа во развиените научни, инженеринг и ИТ сектори во градот.

Сепак, животот во најголемата метропола на северот не е лишен од пречки и неудобности кои се надвор од сферата на темните, студени, зимски денови и високите даноци, по кои е позната Шведска:

Наоѓање на место за живеење

Многу од големите меѓународни компании, вклучувајќи ги Spotify, H&M и Ericsson, на емигрантите им нудат сместување за првите три месеци од работниот договор во Стокхолм. Останатите странци, пак, се оставени сами на себе во справувањето со уникатниот пазар на недвижности и сериозниот недостиг на станови.

Повеќе од една третина од Швеѓаните живеат под кирија, половина од имотот е во сопственост на локалните општини или државни компании кои го изнајмуваат, а дополнително, изнајмувањето е и ограничено.

Ако имате среќа да бидете првиот што ќе добие договор за наем на таков тип на стан, тој станува ваш практично засекогаш. Странците се добредојдени во редот за такви станови, но статистиката вели дека во Стокхолм пред нив во редот чекаат повеќе од пола милион локални жители, па во просек, странците чекаат на ред по околу 9 години.

Резултатот е многу конкурентен пазар на изнајмување на недвижнини, бидејќи Швеѓаните кои се наемители на тие станови, ги реизнајмуваат становите на кираџии, а тие се селат кај партнерите или купуваат сопствен имот.

Според Statistics Sweden, податоците за овој октомври укажуваат дека просечна цена за изнајмување на стан со две спални во Стокхолм чини околу 6518 шведски круни (783 долари) месечно.

Договорите за реизнајмените станови на други станари најчесто се склучуваат под многу повисоки суми – иако постојат прописи според кои новиот станар не смее да плаќа кирија повисока од 15% маржа од оние кои го даваат имотот за изнајмување.

„Наоѓање на место за живеење е најголемиот предизвик при преселбата во Стокхолм… но се прават многу обиди да се реши овој проблем“, вели Јулика Ламберт од Stockholm Business Region, државна компанија која работи на тоа да ги зголеми инвестициите во градот, вклучувајќи ја и достапноста на имот за професионалци од странство. „Не се воздржувајте да го замолите вашиот работодавец за помош… и задолжително распространете ја веста дека барате место за изнајмување, на друштвените сајтови како Facebook“.

Една од причините заради кои животот во центарот на градот е толку популарен е фактот што малите димензии на градот гарантираат кратко патување до работното место за голем дел од неговите жители. За 790 круни (95 долари) месечно, можете да купите карта за транспорт, важечка за сите зони на јавниот превоз – метрото, ​​автобусите и возовите.

А можете и да научите нешто од локалните жители и да се движите со велосипед

„Се чувствувам како многу поголема среќлика од пријателите во Лондон или Пекинг, кои секојдневно патуваат барем 3 часа до работното место“, вели 28-годишната Ирина Џингки Лиу, која живее во северното предградие Сундбајберг и патува со метро само 15 минути додека стигне до центарот на градот.

„Заштедувате многу време на патување во Стокхолм. Тоа ми дава повеќе сила и енергија да се занимавам со други работи“, објаснува таа.

Јазични бариери

Швеѓаните се меѓу најдобрите во светот во зборување на англиски како втор јазик – тврди глобалната организација EF English Proficiency Index. Повеќето големи меѓународни компании, како и многу технолошки компании и стартапи, примамливи за кадрите од странство, го користат англискиот како работен јазик.

Сепак, за оние кои ќе се преселат таму без претходно да имаат загарантирано работно место, познавањето на шведски јазик се важи како сериозна предност во високообразованиот и високо конкурентен пазар на труд. Помалку од 8% од населението на Шведска се невработени, но од друга страна, невработеноста кај родените во странство се движи околу 17%, констатира Statistics Sweden.

Шведската влада нуди бесплатни јазични курсеви и консултации за емигранти, наречени SFI

„Може да звучи чудно што толку многу компании го негуваат познавањето на шведскиот, со оглед на тоа што речиси сите зборуваат совршен англиски“, вели Бритон Веб, кој во Стокхолм се преселил од Париз, во 2014-тата, заедно со неговата поранешна партнерка од бразилско-шведско потекло и нивната ќерка. Сега тој раководи со Gymgo, фитнес-ориентиран стартап, во партнерство со друг Британец.

Двајцата ги искористиле услугите на ALMI – владина организација која обезбедува бесплатни консултации за странски претприемачи.

“Создавањето на бизнис тука е брзо, но без ALMI би било доста тешко. Тие значиетлно ни помогнаа со администрацијата и преводите”.

Добивање на виза

Жителите на државите од ЕУ и Норвешка имаат право да работат и да живеат во Шведска без да им е потребна виза. Граѓаните на другите земји обично мораат да аплицираат во Шведската миграциона служба (Migrationsverket) за дозвола за работа, со тоа што треба да поднесат изјава дека веќе имаат официјална понуда за работа од шведски работодавач.

Има и некои исклучоци.

Се издаваат и работни визи во времетраење до една година за младите младите на возраст меѓу 18 и 30 години од Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Оние кои ќе се преселат во Шведска, за да живеат со шведски партнер (или странец кој има дозвола за работа) можат да аплицираат за државјанство и пред да најдат работа.

На работното место

Стокхолм става поголем акцент на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, во споредба со другите светски метрополи.

„Атмосферата е многу различна од мојата работа во Велика Британија, каде клиентите сакаа да сум на располагање за време на викендите и навечер“, вели 29-годишниот Канаѓанец Амик Гревал, кој пред една година се преселил од Лондон и сега работи во стокхолмскиот оддел на Citibank.

Иако на почеток многу се фрустрирал кога морал да чека подолго за реакција од клиентите, тој сега потполно го цени „взаемното почитување“ што наголемо е присутно во Шведска.

„Чекам до почетокот на работното време, за да се јавам или да испратам и-мејл до клиентите – истовремено знам дека нема да ме вознемируваат ако сум во одмор“, коментира Гревал.

Шведска е четврта во светот по родова еднаквост – стапката на вработени мајки е највисока во ЕУ

„Таму се чувствува дека компаниите донесуваат одлуки на база компетентност и способност, а не затоа што сте маж или жена“, вели Джингки Лиу, ИТ менаџер од Кина.

Од друга страна, според неа, кавалерството во Стокхолм е речиси мртво.

„Мажите ретко се осмелуваат да им понудат помош на жените, на пример при носење на торба со багаж или нешто слично, бидејќи не е политички коректно – тие стравуваат дека девојките може да се навредат од таквата понуда“, појаснува таа. „Имам и многу пријателки, кои постојано се жалат дека сметките секогаш се делат точно на половина“.

Пријателства

Што се однесува до социјализацијата, студијата Expat Explorer на HSBC ја прогласи Шведска за најлошо место во светот за странци кои бараат нови пријателства.

„Швеѓаните се љубезни, но не водат непотребни разговори. Иако изгледаат резервирани, тие обично само го почитуваат вашиот личен простор“, велат авторите на извештајот. Од друга страна, во истражувањето се истакнува дека кај странците е мошне распространето чувството дека „откако ќе се спријателите со локалните луѓе, тие ќе ви станат лојални и блиски пријатели“.

За Иранецот Хамед Хорамиар, приоритет при почнување на новиот живот во Шведска бил воспоставување на контакти со други странци и трпение во воспоставување односи со Швеѓаните. Тој раководи со компанија за безбедност на податоците, а во Шведска е од 2010-тата година. По 5 години престој во земјата, тој веќе има „силна група“ пријатели со кои покрај бизнисот, ги поврзува и заедничката љубов кон пивото и велосипедите.

„Доселениците обично бараат нови контакти и нови пријателства. Спријателувањето со нив е лесно. Но во однос на Швеѓаните, треба да ја почитувате нивната култура. Очигледно е дека тие дури и не разговараат еден со друг во метро или во продавница. Но, штом еднаш ќе почнете да се дружите во барови или на забави, Швеѓаните стануваат поопуштени“, објаснува Хамед.

- Реклама -