General Motors ќе го претстави до крајот на месецов својот нов седан, моделот Prisma. Возилото ќе се одликува со ниска цена и ќе биде насочен кон пазарите на земјите во развој.
Chevrolet Prisma е создаден врз основа напретставениот концепт, пред година во Сао Паоло (Бразил), Onix. Новиот модел ќе се потпира на 1.4 литарски бензински мотор, кој може да работи како на бензин, така и на етанол. Агрегатот со моќност од 106 КС ќе биде во спрега со 5-брзински рачен менувач.
При највисокото ниво на опрема Prisma ќе смета на 6-степен автоматски менувач, ABS, воздушни перничиња за сите патници, тркала од лесна легура, како и мултимедијален систем на General Motors – MyLink.
Официјалното претставување на моделот е закажано за 26 февруари, а тогаш ќе стане позната и цената на возилото. Се очекува цената на Prisma да не поминува 15.000 долари. Моделот ќе се произведува во фабриката на General Motors во Бразил.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.