Еден од најпознатите манекени во светот прошета без маица по улиците на Њујорк.
Тајсон Бекфорд има 42 години, а изгледа како момче во дваесеттите. Тој го покажа мускулестото тело на улиците на Њујорк кога ја соблече маицата поради топлото време.
Бекфорд се прослави со рекламата за Ralph Lauren од 1993 година кога позираше во боксерки и од тогаш им стана омилен на жените ширум светот.
Тој е еден од најангажираните манекени, а се појавува и во неколку филмови: „Zoolanderu“, „Into The Blue“, „Hotel California“. Исто така, може да го видиме и во спотовите на Тони Брекстон за „Breathe Again“ и „Unbreak My Heart“, а Бритни Спирс го ангажираше за „Toxic“.