Шетање по облаци на Салар де Ујуни – „најголемото огледало на светот“

shutterstock_347164850[1]

Сте шетале некогаш по облаци? Зашто ако отидете на Салар де Ујуни во Боливија, можете да направите така да изгледа.

Зборуваме за најголемата солена рамнина во светот. Салар де Ујуни е нешто како замрзнато езеро, само што наместо со мраз, покриено е со блокови од сол, кои на одредени места достигнуваат и до 10 метри дебелина. Зборуваме за многу, многу сол – 10.582 километри квадратни.

The-Salt-Desert-Pictures[1]

Да се нарече Салар де Ујуни просто „солена рамнина“ е потценување. „Одење по облаци“, „одење по вода“, „огледало на универзумот“ – сe многу посоодветни описи. Фотографи од сите страни на планетата тепаат пат само за да ја фотографираат и снимат, но и се разбира – да ја доживеат.

Во сувиот период од сезоната, површината е апсолутно сува и глатка, а во дождовната сезона, Салар де Ујуни е покриена со тенок слој од вода. Е тогаш настапува магијата, а солената рамнина се претвора во најголемото огледало на светот. Нема да се мачиме да опишуваме, бидејќи во случајов една слика вреди милион зборови.

maxresdefault[1]

Според легендата, планините Тунупа, Куску и Кусина – кои ја опколуваат солницата, некогаш биле луѓе џинови. Тунупа се омажила за Куску и му родила дете. Но тој ја оставил и избегал со Кусина. Оттогаш, Тунупа плачела секогаш кога го доела бебето. Нејзините солзи се мешале со млекото, и така настанала Салар. Локалните ја сметаат Тунупа за важно божество.

Прочитајте и:  Овие намирници се особено лоши за кардиоваскуларниот систем

salar COVER

Салар де Ујуни не е импресивна само на изглед. Имено, се смета дека вкупно содржи околу 10 милијарди тони сол. Од нив, годишно се вадат само помалку од 25 илјади тони. Традиционално, солта се вади така што локалните сечат цели блокови од површината. Дел од нив ги употребуваат за изградба на хотели од сол, кои се голема атракција за туристите. Ѕидовите, покривите и мебелот – сé тоа се прави од солени блокови.

CRW_0297

Но солениот раствор што ја покрива површината содржи и разни други хемиски елементи; пред сé, е исклучително богат со литиум. Вкупната количина на литиум се проценува на 9 милиони тони, со што Боливија поседува околу 43% од светските резерви на овој елемент, за кој и самите знаете дека е исклучително важен за електричните батерии.

Освен тоа, на солницата практично не живеат никакви растенија или животински видови, со исклучок на гигантските кактуси по брегот и трите видови розеви фламинга кои во ноември доаѓаат да се хранат на Салар де Ујуни.

najgolemoto%20presuseno%20soleno%20ezero%208[1]

А заради големата плоштина и глатката површина, Салар де Ујуни е идеално место и за калибрирање на сателитите во вселената. Дождовните сезони кои ја раствораат солта, дополнително ја измазнуваат површината. Како резултат, варијациите во нивото на солницата, по целата нејзина плоштина, не се поголеми од еден метар.

salar-de-uyuni-03[1] f09e393c2494f823e20d0d1a8903c3d1[1] shutterstock_209223382[1]

- Реклама -