Шестгодишниот херој

Тустин Мејнс Тустин Мејнс, шестгодишно момче од гратчето Норт Плејт, Небраска, го спасил својот татко и тригодишното братче, скокајќи од задното седиште за да го скроти автомобилот кој се движел неконтроилирано.


Тустин Мејнс, шестгодишно момче од гратчето Норт Плејт, Небраска, го
спасил својот татко и тригодишното братче, скокајќи од задното седиште
за да го скроти автомобилот кој се движел неконтроилирано.

Тустин МејнсНа патот кон дома, Филип Мејнс кој ги враќал своите двајца синови од вечерата во ресторан, се онесвестил поради низок шеќер во крвта. Подоцна, тој изјавил за локалниот весник дека последното нешто на кое се сеќава се случило во 18:45. Потоа болничарите од брза помош го разбудиле и веќе било 20:15. Она што се случило во меѓувреме е навистина зачудувачки.

Малиот Тустин Мејнс им раскажал на полицајците дека кога татко му се онесвестил врз воланот, тој го прескокнал задното седиште и му седнал во скутот за да може да го гледа патот пред себе. Ногата од татко му се тргнала од педалата за гас, но автомобилот и натаму се движел со брзина помеѓу 15 и 20 километри на час. Тустин управувал низ неколку блока, избегнувајќи ги пешаците и другите автомобили, па дури и свртел за да го избегне маалото кое не му било познато.

На крајот, полицаецот Роџер Фриз го забележал момчето во пик-апот и притрчал, фаќајќи го воланот низ отворениот прозорец, по што некако успеал да го застане возилото.

И полицаецот и малото момче добиле пофалби од градоначалникот на Норт Плејт.

- Реклама -