Овие машини ги привлекуваат погледите каде и да се појават, и дури и луѓе кои не се интересираат за автомобили би посакале да ги поседуваат. Но овие возила се ексклузивни, и наменети само за најлојалните клиенти со најдлабоките џебови.
Овие машини ги привлекуваат погледите каде и да се појават, и дури и луѓе кои не се интересираат за автомобили би посакале да ги поседуваат. Но овие возила се ексклузивни, и наменети само за најлојалните клиенти со најдлабоките џебови.
Mercedes Benz SLS
Овој модел, чиј дизајн е базиран на 300 SL Gullwing од 1954, иако е импресивен, не е ни оддалеку револуционерен како неговиот претходник. 300 SL Gullwing беше првиот автомобил од сериско производство кој успеа да надмине 240 километри на час. Новиот SLS и покрај тоа што има 6,2 литарски V8 мотор туниран од АMG сепак не успеава да оди побрзо од 320 километри на час што би требало да биде услов за возила кои чинат над 250000 долари.
Ferrari 599 GTO
Само ако видите едно од овие на улица, сметајте се за среќни. Ферари ќе произведе само 599 копии и сите се веќе продадени на лојалните клиенти на Ферари. Ако мислите да купите на старо, очекувајте прилично висока цена.
Chevrolet Corvette ZR1
Овој модел е малку постар, но мора да се спомне бидејќи е единствениот суперавтомобил од американско производство. Значи, единствениот американски автомобил кој може да им се спротистави на оние од Ферари, и не само во права линија. Ford GT не се важи, тој е од британско производство, поточно од Лотус.
Bugatti Veyron Super Sport
Ова е најбрзиот сериски произведен автомобил во светот. Недоамна на тест патеката на Фолксваген овој ѕвер со W16 мотор кој произведува 1200 коњски сили постави нов светски рекорд кога постигна брзина од 431 километар на час. Не е лошо за портокалов автомобил.
Aston Martin One-77
Одговорот на Астон Мартин за 599 GTO. Во моментов се знае дека има V12 мотор со 750 коњски сили и дека е прекрасен. За повеќе детали ќе треба да се чека додека Астон Мартин го тестираат.
Porsche 911 GT2 RS
Дефинитивно најопасниот производ во историјата на човештвото. Едноставно, моторот со 620 коњски сили виси зад задната оска што значи дека постојано ги подига предните тркала. Нешто за што вреди да се размислува, посебно во кривини. Нормално, ако ги имате потребните 245000 долари за да го купите, нема да ви е проблем да си купите и нови нозе кога ќе ви затребаат.