Шест стана изгореа поради вклучена греалка сред лето, виновна е екипа на ЕВН, обвинува станар

Шесте стана во зградата на улица „Ристо Чавдаров” во Гевгелија, каде станарите уште од 30 јули сè уште немаат струја, изгореле поради вклучена греалка во еден од становите, иако се работи за период кога летните температури се во својот пик, објави „МКД.мк“.

Во изјава за порталот, станар од зградата тврди дека виновна за ваквата бизарна причина (греалка на 30+ Целзиусови) е екипата на ЕВН, која токму непосредно пред пожарот ја вклучила струјата во еден од социјалните станови во зградата, кај станар кој ги платил сметките дури по неколку месеци исклучена струја. Соговорникот на „МКД.мк“ вели дека ги предупредил електричарите на ЕВН дека нема никој во станот и можеби треба да почекаат некој да дојде, но тие не го послушале. Повеќе на „МКД.мк“.

 

- Реклама -