Ако некогаш сте познавале некој кој боледувал од депресија, знаете за колку сложена состојба се работи.Зборовите кои ги упатувате со најдобра намера, некогаш можат да причинат поголема штета, отколку бенефит,
1. Знам како се чувствуваш
Добро е да поседувате емпатија, но не е добро да се обидувате да сочувствувате со личност ако навистина немате поим како се чувствуав. Секој ја доживува депресијата на сопствен начин.
2. Биди позитивен
Обидот од нечија состојба да делите оптимизам ( налик на добар совет) секако не е добар. Избегнувајте вакви фрази. Депресијата ги менува луѓето, им го пореметува сонот и животниот пат, по кој што тргнале.
3. Развесели се
Ова е слично како да се исмевате. Самиот факт дека не може да се развесели прави да се чувствува уште полошо. Кажете само „ Тука сум, доколку затребам за било што“.
4. Мораш да бидеш јак/а заради децата
Доколку сакате да утешите депресивна личност со споменување на децата, тоа не е ни најмалку едноставно. Можете да бидете протолкувани како „ Тој мисли дека сум лош родител“.
5. Се е само во твојата глава
Депресијата не може да се преброди на овој начин. Мора да и се пристапи сериозно.
6. Постојат многу луѓе на кои што им е полошо отколку на тебе
Подобро не велете ништо. Само понудете го своето друштво.