Холивудските ривалки конечно се состанаа на истиот црвен тепих!
Тоа беше тежок ден за Џенифер Анистон. Прво не доби номинација за Оскар, а потоа морала уште да биде на истиот црвен тепих со Анџелина Џоли (а тоа успешно го избегнуваат веќе шест години), а шлаг на тортата беше недобиената награда за најдобра актерка на Critics’ Choice Awards. Но, Џенифер би можело да најде утеха што нејзиниот ривал и сегашна сопруга на нејзината поранешна љубов, исто така не помина подобро. Анџелина изгуби од Ричард Линклејтер во категоријата за најдобар режисер или режисерка.
Се чини дека организаторите на наградите им било јасно со кого имаат работа, па направиле голем напор познатите актерки да не се сретнат и нивните маси биле секоја на едниот крај од салата.
Кога Џулијан Мур ја добила наградата за најдобра женска улога во филмот „Still Alice“, Анистон реагирала многу емотивно. Џоли, за разлика од неа, реагирала прилично среќно на објавата на добитникот во категоријата најдобар режисер и се чини дека ѝ е мило за колегата Линклејтер.
И, додека Џастин Тери дошол како потпора на својата сакана Џен, Бред Пит не бил на повидок. Можеби сакал да си го поедностави животот и да ја избегне средбата со поранешната…