Шест B-52 бомбардери на НАТО ќе ја прелетаат Македонија

Шест американски B-52 бомбардери денеска ќе ги надлетаат сите 30 членки на НАТО, во име на силната посветеност на САД кон НАТО, соопшти генералниот секретар на Алијансата – Јенс Столтенберг, на својот Твитер профил.

Според Столтенберг, шесте бомбардери ќе бидат придружувани од уште десетина други летала од останатите членки на НАТО.

„Работејќи заедно, ја исполнуваме нашата суштинска мисија: одвратување на агресијата, спречување на конфликт и зачувување на мирот“, напиша Столтенберг.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -