Дека годините не се никаква пречка за убавина и сексипил уште еднаш докажа Шерон Стоун која се појави на црвениот килим заедно со 28-години помладата колешка Аманда Сајфрид.
На големото платно глумат мајка и ќерка што не се согласуваат. Но, на премиерата на филмот за порно ѕвездата Линда Ловлејс што се одржа вчера во Лас Вегас, Шерон Стоун и Аманда Сајфрид изгледаат дека се добри пријателки.
55-годишната дива и 27-годишната Аманда позираа пред фотографите постојано смеејќи се. Шерон ја истакна фигурата во здолниште со висок струк и црна кошула, а Аманда изгледаше одлично во белата комбинација на кратки панталони и широка блуза.