Шер се врати на музичката сцена

По 12-годишна пауза Шер се врати на музичката сцена со нова песна и видео запис. Името на нејзиниот најнов сингл е  Woman `s World, а видео записот беше претставен вчера екслузивно. Иако со години , пејачката не е присутна во медиумите сепак некои работи не се промениле, па така таа не се откажува  од својата страст кон периките  и носи различни  креации.

Во еден кадар таа се појавува со традиционална бела перика со црни дамки, а потоа се враќа во 70-тите години на минатиот век со бујна црвена перика.

cher_womans_world_new_single_album_cover

 

 

Се очекува , Woman `s World  да прерасне во парче што несомнено ќе најде место во плејлистата на многумина ди-џеи  за саботната вечер на подиумот, забележува британскиот весник „Дејли Меил“. Иако Шер  е главна атракција во видеото, кон неа се приклучуваат повеќе жени со различни раси, години и изглед. Песната е прва од новиот албум на Шер Closer To The Truth, кој  ќе биде претставен официјално на 13 октомври, а  ќе биде пуштен на пазарот на 14 октомври .

http://youtu.be/lP3oQm9LgdE

 

- Реклама -