Пејачката и актерка Шер, која има 66 години, претрпела срцев удар, пренесуваат американските таблоиди.
За среќа не бил сериозен.
Како што рекле нејзините пријатели, Шер во последно време е изложена на стрес – има проблеми со снимањето на албумот, нејзиниот син Илајџа се бори со зависнота од дрога, а ќерка ѝ Чаз го менува полот.
Пред неколку денови Шер почувствувала болка во градите. Затоа што не сакала да оди на лекар, син ѝ повикал медицинска сестра во нивниот дом.
„По прегледот, сестрата рече дека Шер претерала со таблети и лоша исхрана“, изјавил близок пријател на пејачката.