Познатата пејачка Шер објави слика на Твитер од себеси кога била тинејџерка.
За да ја објави сликата била потикната од емисијата “Being 13“ која се емитува на CNN. Во емисијата се збори за денешните тинејџери и влијанието на социјалните мрежи врз нивниот живот.
Под својата слика Шер оставила и коментар: „ Немав доволно самодоверба, постојано правев драми, често бев возбудена или расплакана. Да имаш 13 години беше страшно и чудесно“.