Шепардов тон: Откачена аудио илузија

wow

Аналогно на „дур не видам со свои очи не верувам“, важи и „дур не чујам со свои уши, не верувам“. Е па ај верувајте во ова што ќе го чуете сега.

Преслушајте го видеото. Првиот пат не се случува ништо посебно. Но пуштете го уште еднаш и ставете го на loop (за тие што не знаат: десен клик на видеото додека трае, па одберете loop).

Откачено, нели? Веројатно се посомневавте во веродостојноста на видеото, ама сé си е легитимно – видеото си е тоа истото од 10 секунди и ја слушате истата тонална секвенца, а сепак ви се чини дека тонот се искачува до недоглед. Тоа е така заради вашата аудио перцепција. Трикот е во мозокот.

Ова е можеби најпознатата аудиторна илузија (често се наведува како пример кога се зборува за различните илузии во психологијата), наречена Шепардов тон.

Се случува затоа што една иста нота е отсвирена во две октави. Како што повисоката почетна нота се снижува, така станува потивка и потивка, за на крајот да биде едвај чујна. Од друга страна, пониската почетна нота станува сé погласна и погласна, сé додека на крајот од клипот не стане најгласната нота што ја слушате. Кога овие звуци ги комбинирате во секвенца и ги преслушувате одново, тие создаваат илузија дека постојано се повишуваат.

- Реклама -