Шекеринска за Радев: Не сум чула пример во историјата кога разузнавачи придонеле за човекови права

Состанокот што бугарскиот претседател Румен Радев го свикал со безбедносните служби е „грешка во чекори“, оцени министерката за одбрана Радмила Шекеринска, притоа посочувајќи и на вчерашната реакција на претседателот Стево Пендаровски и изјавата на премиерот Зоран Заев, кои потегот го оценија како мешање во нашите внатрешни работи.

„Не сум чула за било каков пример или епизода во историјата во која разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права“, посочи Шекеринска.

„Република Северна Македонија е држава која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме и најдобар пример во нашиов регион на оваа тема. Тоа го признаваат и организации кои се честопати и многу критични на овие теми. Покажавме поголема зрелост, поголема отвореност и од постари демократии. Зошто? Затоа што како мала држава, како народ кој поминал низа епизоди на негирање, сме свесни дека треба да се почитува различниот“, истакна министерката за одбрана.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

„Ние ги научивме своите лекции и тие секојдневно ги покажуваме. Дури и со операцијата попис сме држава што на секој граѓанин му ја дава шансата слободно да се произнесе. Би била среќна кога сите држави во нашето соседство би го давале истото право на своите граѓани“, порача Шекеринска.

- Реклама -