„Ако тргнеме да ја анлизираме опозицијата тогаш името на партијата би било „ВМРО – Подоцна“, нивниот став за се во државата беше „да“, ама подоцна., Немојте два пати да му поверувате на Мицкоски со тоа што вели избори на есен, догодина попис. Тие секогаш се за подоцна, еве избрите во Штип се доказ, и за таму велеа подоцна. Ајде да донесеме закон за целата држава, ставот им е ајде ама подоцна и цело време имаат теза- ајде за два месеца, ајде за три месеци, ајде подоцна. На овие теми, како пописот никогаш не сме тврдоглави, туку претпазливи. Ставот на ВМРО ДПМНЕ нема врска со пописот, има врска со купување време.“- изјави Радмила Шекеринска, министрка за одбрана, во интервјуто за телевизија Телма.
Таа потсети на пропаднатиот попис во 2011 година за кој власта на ВМРО ДПМНЕ потроши три милиони евра и на крај- никому ништо.
„После цела деценија дискусија дека ни треба попис, ВМРО ДПМНЕ од една страна вели резултатите се наместени, од друга вели ако не се попишеме нема да има казни, па што е тоа ако не е повик за бојкот. Не можам да најдам оправдување некој да лобира против попис. Знам, може им е криво што нивниот попис не успеа, па прават се и овој да не успее, но тоа не е суштината.“- дополни Шеќеринска.