Шекеринска: Ни ЕУ ни НАТО не побарале бегалски кампови во Македонија

Министерката за одбрана, по повод шпекулациите и лажните вести за отворање мигрантски кампови на територија на Македонија, посочи дека никој досега не побарал такво нешто од нашите власти.

– Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најдоговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето за справување со миграцијата. Во минатото само ни честитаа за тоа како сме помогнале, но ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Често пати ова прашање се злоупотребуваше како можност за манипулација со емоциите на граѓаните – порача Шекеринска.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

Таа нагласува дека бегалското прашање претставува тежок проблем за ЕУ и дека се можни повеќе решенија, но ниту едно не вклучува бегалски камп во Македонија.

Е.Д.

- Реклама -