Шекеринска најави тужба за „Република“

„Ќе ја тужам „Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите „непознати” газди, напишана својот фејсбук профил, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во “бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава…и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари.
Не успеаја досега. Нема ни сега!“ се вели во постот.

Тужби против написот на „Ребулика“ до сега најавија премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

- Реклама -