Шеик бара 60 девојки за помош при шопинг

Шеик од Дубаи бара армија од млади жени”, кои би биле со него и би му помагале при патувања по Европа, пред се, за одбирање облека.

Кандидатките мора да бидат на возраст меѓу 18 и 28 години, да бидат елегантни, да зборуваат англиски, како и главниот адут – да се разбираат во мода. Познавањето француски и арапски јазик е плус за оние што ќе се пријават на конкурсот.

Шеикот плаќа по 100 долари дневно за работата на една кандидатка. Тој се обратил до Мауро Белкар, сопственик на италијанска модна куќа и агенција за кастинг, објави Фигаро.

Шеикот има намера да купува во Париз, Лондон, Милано, Ибица… Стотина жени, наводно, веќе се пријавиле. Шеесет од нив го поминале изборот, а досега одбрал само две. Остануваат отворени 58 работни места со ограничено времетраење.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”
- Реклама -