Шегобиецот Сталин – дел II

14. Во театарот Болшој поставувале нова изведба на операта „Иван Сусанин“ од Глинка. Членовите на комисијата, чиј претседател бил Болшаков, ја ислушале пробата и решиле да го исфрлат финалето „Славься, ты Русь моя“ („Слава ти, Русијо моја“), бидејќи било премногу црковно и патријархално. Се разбира, го известиле и Сталин.

– А ние ќе постапиме поинаку – рекол тој. Финалето ќе го оставиме, а Болшаков ќе го исфрлиме.

- Реклама -