Кина многу внимателно ги следи лошите воени перформанси на Русија, и ниту еден друг странски лидер не ја следи толку внимателно војната и слабиот воен перформанс на Русија како Си Џинпин, изјави директорот на (ЦИА) – Вилијам Брнс.
Во интервју за PBS, Брнс истакна дека ЦИА смета дека постојат граници во пријателеството меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпин, наспроти тоа што двајцата го објавија претходно.
„Неколку недели пред Путин да ја започне неговата инвазија на Украина, кога тие се сретнаа на Зимските олимписки игри во Пекинг, двајцата тогаш прогласија пријателство без граници. Излезе дека всушност има граници на тоа партнерство, (и тоа се гледа) барем во колебањето на претседателот Си да снабди онаква помош каква што Путин побара за време на војната во Украина“, изјави Брнс.