Коронавирусот уште долго време ќе биде меѓу луѓето, предупреди генералниот директор на СЗО – Тедрос Адханом Гебрејесус, на денешната прес-конференција во Женева.
Тој напомена дека пандемијата во западна Европа забавува, но и дека бројот на заpaзени и cмpтни случаи и понатаму расте во Африка, Централна и Јужна Америка и источна Европа.
„Уште многу ни останува да направиме. Овој вирус ќе биде долго време меѓу нас“, рече Гебрејесус, кој ја коментираше и сѐ поголемата фрустрација меѓу луѓето поради карантинските мерки:
„Ја разбирам фрустрацијата, но најлошо би било сега да се опуштиме. Светот нема и не може да се врати на начинот на функционирање како во минатото. Мора да постои нов стандард на нормалното, свет кој е поздрав, побезбеден и подобро подготвен“, рече шефот на СЗО, кој пар денови порано предупреди дека најлошото од пандемијата во светот допрва следува.
Од почетокот на пандемијата ширум светот се регистрирани околу 2.6 милиони случаи. Од последици од коронавирусот пoчинaa повеќе од 180 илјади луѓе, а повеќе од 710 илјади се излекувани, односно опоравени.